Шахпаска: Ситуацијата со Ковид-19 во градинките останува стабилна


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите седум дена регистрирани се пет новозаразени дечиња во градинките и 21 вработено лице, што говори дека состојбата со ковид пандемијата во градинките е стабилна и дека тие се безбедно место за згрижување на децата од нула до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Според неа, вработените во градинките покажале висока свест и одговорност, за што говори високиот процент на вакцинирани, односно 80 отсто од воспитувачите и 78 отсто од негувателите веќе се инумизирани.

– Апелирам до сите граѓани, да пристапат кон процесот на вакцинација, да носат заштитни маски и да држат растојание. Од нас зависи дали од оваа битка со Ковид19 ќе излеземе како победници, рече министерката Шахпаска , во интервју за Утрински брифинг.

Изминатиов период организацијата за работа во градинките, со цел спречување на ширењето на вирусот се покажа како доста успешна. Од самото започнување со работа, по периодот на карантин, што е повеќе од една година, градинките работат непречено и во моментов ги посетуваат 21.000 деца на ниво на држава, се наведува во соопштението на МТСП.