Шахпаска од Берово: Во името на иднината заокружете го бројот 3


„Најголем предизвик е кога ви се обраќам вас мои сограѓани, затоа што вас ве претставувам во параламентот“, истакна носителката на СДСМ во ИЕ 3, Јагода Шахпаска, пред граѓаните на трибината во Берово.

Според неа, во 2016 година СДСМ вети план за живот дома, во Малешевијата и сите населени места во државата. „Тоа и го направивме. Нашата програма се темелеше на три столба: враќање на парите кај граѓаните, вложување во човечкиот капитал и евроатлантската интеграција на земјава“, нагласи Шахпаска.

Денес младите доктори добиваат достоинствени плати, лекар почетник зема 40 илјади денари плата и јавното здравство стана повторно атрактивно, истакна Шахпаска.

Таа зборуваше и за зголемената социјална помош за 300 отсто, која денес ја земаат 27 илјади лица,  воведувањето на дестски и образовен додаток во борбата против детската сиромаштија.

Шахпаска зборуваше и за грижата  за највозрасните, преку реализација на пензиската реформа. Растот на пензиите двапати во годината со растот на  трошоците за живот. Воведувањето на државната  социјална  пензија од  6.000 денари. И понудата за следниот мандат – најниската пензија да биде 10700 денари.

„Во име на нашата и иднината на нашите деца, излезете и гласајте за коалицијата „Можеме’ предводена од СДСМ! Заокружете го бројот 3!“, ги повика своите сограѓани Јагода Шахпаска.