Шахпаска: Ефикасна комисија за заштита од дискриминација


Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, најави формирање на ефикасна и објективна комисија за заштита на граѓаните од дискриминација

Во четвртокот, министерката го поднела одново до Собранието Законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој преку специјало формирана комисија ќе се штитат сиромашните, социјално-ранливите, луѓето со попреченост, ЛГБТИ-популацијата, Ромите, жените и работничките.

Овој закон беше еден од условите за преговори на Република Северна Македонија со Европската унија. Претходниот парламентарен состав го донесе, но поради грешка во процедурата Уставниот суд го поништи.

Овој закон нуди и заштита според политички критериуми, но пред се е заради заштита на родовата припадност и сексуална ориентација.