Шахпаска: Благо зголемување на позитивни на корона во градинките, генерално состојбата е добра

Од отворањето на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 26 деца и 83 вработени позитивни на корона-вирус. Мало зголемување на бројот на позтивни е бележи минатава недела, но генерално засега состојбата во градинките е добра. Таа се следи и согласно развојот на ситуацијата и во градинките, но и генерално во земјата ќе бидат носени нови мерки доколку тоа е потребно, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Следејќи ја динамиката на новопојавени случаи позитивни на корона-вирус, потенцира министерката, евидентно е зголемувањето на бројката на позитивни, како на дечиња така и на вработени во градинките.

-Бројката за последниот пресек е од минатата недела во период од 17 до 25 октомври, кога се регистрирани нови девет деца позитивни на корона-вирусот и 40 вработени. Во моментот 482 деца се во изолација, а вработени околу 77. Следејќи ги состојбите во државата ние заедно со здравствените власти ќе правиме проценка. МТСП ги сумира дневните во неделен извештај и секој петок податоците ги доставува до Комисијата за заразни болести за да има увид при предлагањето нови мерки во врска на пандемијата, рече министерката за труд и социјална политика.

Таа додаде дека сите вработени и дечињата кои биле позитивни се во добра здравствена состојба. Во иминатиот период, рече имало една хоспитализција на дете и еден воспитувач, кој имал и други дополнителни хронични болести, поради што бил згрижен во болнички услови.

-Генерално сега засега состојбата со децата во градинките е добра. Правиме увид и проценки како ќе се однесуваме понатаму, истакна министерката Шахпаска.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во градинките, таа инфомира дека тие во моментов згрижуваат половина од бројот на деца кој е дозволен согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија.

-Согласно протоколите донесени на 29 мај во градинките може да бидат згрижени 20718 деца. Во моментов таму се згрижени 10700 деца, што значи дека капацитетите согласно протоколите не се исполети. Родитлите ги запишале децата, но не ги носат во градинка, рече Шахпаска.