Шаде и „Оејзис“ нема да присуствуваат на приемот во Рокенрол куќата на славните


 
Лос Анџелес – Фил Колинс, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Квин Латифа, „Оејзис“, Шаде и „Џој Дивижн“/„Њу Ордер“ годинава ќе бидат примени во Рокенрол куќата на славните , заедно со првпат номинираните „Ву-Танг Клан“ и покојниот соул и аренби-пејач Лутер Вандрос.
Церемонијата за прием е закажана за 14 ноември во театарот „Пикок“ (Peacock Theater) во Лос Анџелес.

Како што дознава „Пејџ сикс“ (Page Six), „Шаде“ им се придружува на „Оазис“ (Oasis) како изведувачи кои нема да се појават на годинешниот прием во Рокенрол куќата на славните.

Англискиот бенд, кој го сочинуваат повлечената пејачка Шаде Аду, Пол Денман, Стјуарт Метјуман и Ендру Хејл, објави дека нема лично да присуствуваат во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес, каде што во сабота ќе се одржи церемонијата.

„Жал ни е што не можеме да бидеме таму лично за да прославиме заедно со другите уметници“, напишаа тие во изјавата до која дојде „Пејџ сикс“. „Ве молиме знајте дека нашето отсуство ни најмалку не го намалува значењето што ова признание го има за нас.“

Од „Шаде“ го опишаа својот прием како „и подарок и навремен потсетник да изразиме благодарност – не само кон оние што гласаа за нас, туку и кон секој поединец што ѝ дозволил на нашата музика да стане дел од неговиот живот… им должиме благодарност на сите што беа со нас на патот до овде“, изјавија тие.

Бендот му се заблагодари на својот долгогодишен менаџер Роџер Дејвис, а пораката ја завршија со почит кон својот „петти член“ – Мајк Пела, долгогодишен соработник кој почина од ненадејна болест во 2022 година.

„Ова е исто толку твое колку што е и наше, Мајк – засекогаш наш сродна душа“, напишаа од бендот.

Формирана во Лондон во раните 1980-ти, групата „Sade“ – олицетворение на префинетост и ритам – се појави на радио брановите со некои од најмазните хитови на таа ера, меѓу кои „Smooth Operator“ и „Sweetest Taboo“. Двете песни го достигнаа 5-тото место на топ-листата „Billboard Hot 100“ во 1985 година. Нема сомнеж дека „Sade“ беа водечка сила во „втората британска инвазија“, но групата стигна до врвот без натапирани фризури или таблоидни наслови.

Аду и нејзиниот бенд се стекнаа со репутација на еден од најмистериозните музички состави, познати по долгите паузи меѓу албумите. Последниот албум на „Sade“, насловен „Soldier of Love“, излезе во 2010 година – цела деценија по претходниот, „Lovers Rock“.

Во текот на својата кариера, „Sade“ освоија четири награди „Греми“ (вклучувајќи ја онаа за најдобар нов изведувач во 1986 година), двапати се искачија на врвот на листата „Billboard 200“ (со вториот албум „Promise“ од 1985 година и со „Soldier of Love“), а пејачката доби и неколку кралски одликувања за својот придонес во музиката – титулата OBE во 2002 година и титулата CBE во рамките на кралските одликувања по повод роденденот на монархот во 2017 година.

Откако „Ролингстоун“ во понеделникот (9 ноември) објави дека браќата Галагер ги закопале  секирите по долгогодишно горчливо ривалство, Лијам Галагер, се чини, потврди дека има други, поважни работи на ум. „Премногу е да се оди таму за една вечер; имам еден куп работа, а и Божиќ е“, напиша Лијам во вторникот наутро (10 ноември) на платформата „Икс“ (X), реагирајќи на написот.