Севиља со пресврт до триумф над Манчестер јунајтед за финале во Лига Европа

Фудбалерите на Севиља изборија финале во Лига Европа, откако вечерва во Келн го совладаа Манчестер јунајтед со 2:1.

Иако полуфиналниот дуел почна одлично за Јунајтед и водство по само девет минути игра, сепак до крајот шпанскиот тим постигна два гола и се обезбеди меч за трофејот во второто по квалитет клупско континентално натпреварување.

Голот за Манчестер го постигна Бруно Фернандеш од пенал. Изедначи Сусо во 26. минута, а целосен пресврт навести Лук Де Јонг со погодокот во 78. минута.

Противник за Севиља во финалето ќе биде победникот од утрешниот меч во кој се среќаваат Интер и Шахтјор.