Севилја до 65-та минута водеше 2:0, но загуби


Екипата на Еибар направи ретко виден пресврт во првиот вечерашен натпревар од шпанското фудбалско првенство.

Тимот кој немаше ниту една победа во првите пет кола, и не се истакнуваше со ефикасност, ја надигра Севилја со 3:2 и тоа со пресврт во второто полувреме, откако на пауза фаворизираните гости водеа со 2:0. Севилја имаше два гола позитива до 65-та минута, но во завршницата беше шокирана, и испушти шанса да дојде на второто место.

Малиот баскиски клуб, Еибар, првпат во својата клупска историја победи на меч на кој губел со два гола разлика.