Северна Кореја пријави прв случај на корона вирус


Целосен карантин е прогласен во градот Каесонг во Северна Кореја, откако едно лице за кое постои сомнение дека е заразено со корона вирус нелегално ја преминал границата, изјави водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.


Ова е прв пат Северна Кореја да објави постоење на корона вирус на нејзината територија од почетокот на глобалната пандемија.


Ким Јонг-ун свика анти-епидемиолошки состанок со цел „да преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Каесонг и изолирање на секоја одделна област од другите од 24 јули“, според државната новинска агенција КЦНА.