Северна Кореја ја извести СЗО дека нема заразени со корона вирус


 

Северна Кореја ја извести Светската здравствена организација дека на својата територија не забележала ниту еден случај на зараза со крона вирус, јави АП.

Претставникот на СЗО во Пјонгјанг, Едвин Салвадор изјави дека Севрна КОреја тестирала 23.121 лице на присуство на корона и дека сите резултати биле негативни. Според Салвадор, од 26 март до 2 април тестирани се 732 лица.

Северна Кореја јави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, за да ги заштити своите спортисти од „светската здравствена криза, предизвикана од болеста Ковид-19“.