Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег


Северна Кореја денеска истрела „неколку“ крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Сеул „откри неколку крстаречки ракети лансирани во Западното Море (Жолто Море) околу 7:00 часот по локално време“, се вели во соопштението.

Американските и јужнокорејските разузнавачки агенции „во моментов вршат детална анализа“ на лансирањето, додаваат истите извори.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја објави фотографии од лансирањето на проектили над морето.