Северина се оперира од кила


Хрватска– Регионалната поп-ѕвезда Северина (46) по концертот во Цирих, Швајцарија ги изненади фановите со фотографија од болничка постела, која ја избриша за кратко време.

Нејзиниот портпарол изјави дека станува збор за рутинска операција на килата која подолго време и созадавала проблеми на ѕвездата. Северина ќе мора да мирува две недели за да може да се врати на концертите на кои ќе го промовира новиот албум „Хало“.

Ѕвездата со сопругот неодамна,на се врати од Америка каде се дружеше со ѕвездите од „Игра на престолот“ на премиерата на првата епизода од последната сезона на популарната серија.