Северина од Белград ја почна промоцијата за „Магичната турнеја“: Секси во Долче и Габана


Србија– Регионалната поп-ѕвезда од Сплит Северина (47) од Белград ја почна промоцијата на својата нова регионална турнеја, најавена како најспектакуларна досега, наречена „Магична турнеја“.

Хрватската пејачка воодушевила со изборот на гардероба пред српската јавност- џиш розов балонер како фустан на Мајкл Ло Сордо и во сандали со ружа на „Долче и Габана“.

„Нека ви судат. Нека погрешно ве сфатат. Нека ве озборуваат. Нивните мислења не се ваш проблем. Останете љубезни, предадени на љубовта и слободни во вашата автентичност. Без обзир што ќе кажат за вас, не се сомневајте во вашата вредност и во убавината на својата вистина. Само продолжите да блескате како досега-напишала пејачката на Инстаграм.

Северина и 18  танцувачи секојдневно ја вежбаат кореографијата за да ја одушеват публиката во регионот.

До почеток на најголемата и најспектакуларна турнеја на Севе досега, остана малку повеќе од еден месец. Дури 100 души се вклучени во организацијата за да овозможат ноќ за паметење во секој град од турнејата.

Едно од највпечатливите моменти на концертот ќе бидат танцувачките кореографии во кои учествуваат танцувачи од целиот регион, избрани по пат на аудиција, на која се пријавиле над 100 кандидати. На вежбите учествува и поп-ѕвездата, како и на минатата турнеја ‘Dobrodošao u klub’ . Северина тогаш доби одлични критики за своите танцувачки способности.

Матиц Задравец е главниот кореограф на турнејата.

На сцената во рамките на турнејата ќе бидат и 15 музичари и симфониски оркестар, со најнова видео продукција и костимографија, што ќе претставува уметност на повеќе нивоа. Турнејата започнува на 16 ноември во родниот град на Северина- Сплит, па продолжува во Белград на 23 ноември, во Загреб- на 7 декември, и во Љубљана на 21 декември.