Северина не издржа – уапсена за време на полициски час


Северина Којиќ синоќа била уапсена за прекршување на полицискиот час во Белград. Српските медиуми објавија дека таа и сопругот Игор Којиќ се расправале, по што таа излегла на улица за време на полицискиот час.

Уапсена е откако полицијата ја сопрела во „Бе-ем-ве“ со регистарски таблички од Загреб, без возачка дозвола.

По излегувањето од полициската станица Северина вети дека нема да и се повтори ова.

„По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 50.000 до 150.000 динари. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори“, изјави пејачката.

Северина Којиќ синоќа околу 21 часот била затечена во близина на трговскиот центар „Оков“ во Белград. Само ден претходно таа им порача на своите фанови да седат дома.