„Севда“ со Божо Вреќо и Васил Хаџиманов за Денот на вљубените во Филхармонија


„Севда“ е насловен концертот за Денот на вљубените во Филхармонија што ќе се одржи на 16 февруари во 20 часот.  Концертот кој традиционално се одржува по повод денот на вљубените,  годинава е во сосема ново руво. Ќе прозвучат најубавите балкански рефрени од љубовен карактер испеани од бисерните грла на Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Сафет Исовиќ, Александар Сариевски, Даворин Поповиќ, Шабан Бајрамовиќ и многу други, но во современ симфониски звук маестрално исткаен преку аранжманите на нашата реномирана Маестра Дијана Имери Илкоска. 

За да биде целосна оваа магична вечер ќе  помогне човекот со ангелски глас, босанската ѕвезда  – Божо Вреќо, а како солист на пијано ќе го слушнеме српскиот пијанст Васил Хаџиманов. Овој уникатен спој на различни, но богати музички креатори ветува едно незаборавно љубовно доживување кое ќе се случи во големата сала на Филхармонија.

Божо Вреќо е босански пејач со светска кариера кој на своите настапи ја негува босанската севдалинка, во модерен и во џез манир