Серијата „Вовед во анатомија“ руши рекорди со 20-та сезона


САД– Болницата Gray/Sloan продолжува да работи најмалку уште една година. Медицинската драма „Вовед во анатомија“ доби зелено светло за снимање на дваесеттата сезона, која го зацврсти статусот на најдолготрајната серија за лекарите во историјата на американската телевизија, пренесуваат светските медиуми.

Серијата добива нов главен лик кој ќе застане зад целиот проект. Таканаречениот шоуранер, наместо досегашната Криста Верноф, ќе биде Мег Маринис, која од 15-та сезона е извршен продуцент на сагата што ја започна Шонда Рајмс во 2005 година. Откако потпиша ексклузивен договор со Нетфликс, Рајмс се сврте кон создавање серии за стриминг гигантот, препуштајќи го кормилото на „Вовед во анатомија“ на Кристи Верноф. Сега ѝ го предава на Маринис.

„Вовед во анатомија“ претрпе големи промени во актуелната 19-та сезона, која ја гледаме на Fox Life во четврток во 22 часот. Главната ѕвезда Елен Помео одлучи да ја напушти серијата по 18 години како ликот на Мередит Греј. Додуша изјавила дека повремено ќе гостува во серијата која ја прослави, но и дека останува еден од извршните продуценти во оваа и сестринската серија „Пожарна станица 19“. До крајот на сезоната истото ќе го направи извршната продуцентка Криста Верноф. Серијата неодамна ја напушти и актерката Кели Мекрири, која девет години ја глумеше полусестрата на Мередит, Меги, но исто како Помпеова повремено ќе гостува.

Периодната драма ги задржува нивните колешки Чандра Вилсон (д-р Миранда Бејли) и Џејмс Пикенс Џуниор (д-р Ричард Вебер), кои се единствените редовни членови на актерската екипа од првата епизода емитувана во 2005 година. На малите екрани ние ќе продолжи да ги гледа Кевин МекКид (Овен), Ким Равер (Теди), Катерина Скорсоне (Амелија), Камила Ладингтон (Џо) и Крис Кармак (Линк).

Деветнаесеттата сезона на американската серија беше важен тест за иднината на оваа сага. Беа претставени нови ликови, млади практиканти, кои станаа главен фокус на развојот на приказната. Оваа сезона само го продолжи успешниот пат на медицинската драма. „Вовед во анатомија“ продолжува да биде најгледаната серија на ABC во демографијата 18-49, која привлекува огласувачи. Ова е и главната причина што ќе се дружи со публиката и во 20-та серија.