Серија земјотреси во регионот – се тресеше тлото во Албанија, Грција…


ЕМСЦ извести дека синоќа и утрово, Албанија била погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,3 степени, а рано утрово се тресеше и Грција, каде беше 4,6 степени.

Ноќеска Албанија беше погодена од повеќе земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 4,3 степени. И пред и по него, имаше други помали земјотреси, со јачина од 3,1 до 2,6 степени, а утрово околу 9 часот следеше еден со магнитуда од 3,4 степени.

Рано утрово, исто така, се тресеше и во Грција, со епицентар во морето, каде беше забележан потрес од 4,6 степени, пишува Дневник.хр.

„Земјотресот траеше околу десет секунди и беше прилично застрашувачки“, „Почувствувавме земјотрес во Скопје, на десетти кат“, „Имаше многу потреси во Тирана“, „Ми се тресеше креветот“, се дел од сведочењата испратени од засегнатите граѓани до ЕМСЦ.