Серија закани за бомби во Берлин


Неколку институции во Берлин пријавија закани со бомби, откако вчера и претходно денеска беа упатени слични закани до неколку училишта и медиуми во други делови на Германија. Полицијата соопшти дека е дојава за бомба има и во главната железничка станица во Берлин. Железничкиот оператор „Дојче Бан“ во текот на ноќта добил заканувачки е-пошта, изјави утрово портпаролката на полицијата.

Полицијата потоа ги засилила силите на Централната станица и ја проценувала опасната состојба. На крајот се заклучи дека патниците не се во животна опасност. Полицијата објави и дека телевизиската станица РТЛ и куќата Вили Брант, седиштето на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, исто така биле изложени на закана за бомба.

Биле повикани од Државниот завод за криминалистичка полиција, но полицијата засега не соопштува дополнителни детали. Денеска и вчера беа упатени закани до бројни училишта низ Германија, како и до радио-станиците и јавната телевизија ЗДФ. Во некои случаи, полицијата ја наведе палестинската милитантна група Хамас како извор на заканите.

Последните денови безбедносната ситуација во Германија е тензична поради војната во Израел, а подигнат е и степенот на заштита на објектите кои припаѓаат на еврејската заедница. Членовите на медиумите беа нападнати во неколку наврати во последните денови на забранети пропалестински протести. Пропалестинските организации ги критикуваат медиумите во Германија за нивното еднострано покривање на конфликтот во Израел.