Серија вакцини на „Оксфорд/АстраЗенека“ суспендирана во Австрија по една сомнителна смрт


Вакцините што ќе ги добие Бутан од Бугарија се на „АстраЗенека“

Австриските власти ја суспендираа серијата на вакцини против корона вирусот на  „Оксфорд/АстраЗенека“ како „мерка на претпазливост“ додека ја испитуваат смртта на една личност и болеста на друга откако ја добиле дозата.

„Федералната канцеларија за безбедност во здравствената заштита (БАСГ) доби две пријави во временска врска со вакцинација од иста група на вакцини на ‘АстраЗенека’ во окружната клиника Цветл“ во покраината Долна Австрија, се вели во соопштението на БАСГ.

Центарот на извештаите е на 49-годишна жена за која БАСГ рече дека „починала како резултат на тешки нарушувања на коагулацијата“ и 35-годишна жена „која развила белодробна емболија и е на пат да се опорави“.

Здравствениот орган рече дека во моментов „нема докази за каузална врска со вакцинацијата“, но дека преостанатите залихи на серијата повеќе нема да се „распределуваат и вакцинираат“.

Регулаторите на ЕУ ја одобрија вакцината на „Оксфорд/АстраЗенека“ на крајот на јануари, прогласувајќи ја за доволно безбедна и ефикасна за употреба кај возрасни над 18 години. Светската здравствена организација (СЗО) даде одобрение во средината на февруари.

Портпарол на „АстраЗенека“ за Ројтерс изјави: „Нема потврдени сериозни несакани дејства поврзани со вакцината“.