Серхи Роберто нов фудбалер на ЛА Галакси


Лос Анџелес– Шпанскиот трофеен фудбалер Серхи Роберто е нов играч на ЛА Галакси, објави синоќа клубот од Лос Анџелес.
Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
„Серхи носи лидерски вештини, врвен технички квалитет, тактичка интелигенција и искуство во освојување трофеи што малку играчи го поседуваат. Тој беше важен дел од некои од најдобрите тимови од неговата генерација и знае што е потребно за освојување трофеи, но и како да се изгради победнички тим“, изјави генералниот менаџер на ЛА Галакси, Вил Кунц.
Триесетичетиригодишниот Роберто ги мина првите 18 сезони од својата кариера во Барселона со која освои вкупно 25 трофеи, пред да се пресели во Италија каде последните две сезони настапуваше за Комо.