Сергеј Трифуновиќ нападнат пред српскиот Парламент, си заминал со крвава глава


Група демонстранти пред српскиот Парламент го нападнале лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, пренесоа дел од медиумите кои известуваат од настанот .

-Слушнав дека некои од тие лица кои се таму,  некои велат дека се луѓе од протестот, некои велат дека се навивачи на некои клубови, го нападнале Сергеј, додека се движел и дека го удриле. Тоа е се, изјави  Драган Ѓилас.

Трифуновиќ за „Крик“ истакнал дека дошол да го поддржи протестот и дека видел приврзаници на Левијатан. 

 

Тој смета дека можеби има „вметнати“ лица. Повреда има на главата, а вели дека го удирале од сите страни.

Двајца репортери на Н1 го виделе стампедото, но не можат да потврдат дека групата го бркала Трифуновиќ.

Според Нова.рс, група демонстранти буквално го истуркале од протестот и тој бил принуден да си замине.

Тие истурале вода врз него и го мавале со лименки пиво. Трифуновиќ си заминал повреден.

Дојдовме да протестираме, а Сергеј отиде во првите редови да работи лајв. Тогаш го нападнаа група ‘фашистички го*на’“, рече Александар Радовановиќ, член на Движењето на слободни граѓани, и додаде дека најверојатно е удрен во главата, бидејќи му се гледала крв.

„Тој успеа да избега, не знаеме каде, но успеа да избега“, рече Радовановиќ.