Сергеј Михајлов, авторот на првата опера во Македонија доби мермерна плоча во Штип


Штип – Мермерна плоча со ликот на Сергеј Михајлов,руски емигрант кој цел живот работеше на музичкото образование на младите во Штип е поставена на влезот од државниот музички училишен центар кој го носи неговото име. Мермерната плоча е дело на скулптурот Никола Смилков, а на неа се испишани и годините на раѓањето и смртта на познатито педагог.

Серѓеј Михајлов е автор на првата изведена опера во Македонија. Настанот се случил во 1925 година а музичкиот авторитет за носители на главните улоги во операта Палјачи ги избрал штипјаните Благородна Бурева, Славко Нетков, Ристо Ѓурѓичков и рускиот емигрант и негов пријател Андреј Шчербаков.

-Михајлов е човекот кој во Штип го формира Музичкото училиште чиј директор и наставник беше се до неговата смрт во 1975 година. Тој изнедри бројни генерации квалитетни музичари, за училиштето се грижел како за своја светост, никогаш не се женел. а во својот тестамент се што спечаилил во животот го остави на училиштето и за стипендирање на музички надарени деца, вели Горан Кавраков директор на училиштето.

Сергеј Михајлов е роден на 31 август, 1885 во градот Харков во тогашна Русија, денешна Украина. Животот сакал многу млад да остане без родители по што дошол до Солун од каде продолжил кон Гевгелија а во овој град една година работел како педагог во основно училиште. Од Гевгелија заминал во Штип каде го формирал музичкото училиште во кое се до својата смрт во 1975 година работел како директор и педагог.

На предлог на друштвото за македонско-руско пријателство и соработка, а по долго инсистирање, музичкото училиште, пред неколку години, го доби неговото име..Б.)