Серена Вилијамс се качи на штикли: Тенисерката ново заштитно лице на Стјуарт Вајцман


САД- Тенисерската ѕвезда Серена Вилијамс ги соблече патиките и се качи на штикли во новата кампања на кралот на чевлите во Холивуд  Стјуарт Вајцман, а нејзините црно-бели фотографии за сезоната 2020 година се впечатливи: Тие се моќни, убави, како и самата Вилијамс.

Брендот е препознатлив по минималистичката промоција, и ангажира  исклучиво убави и славни жени како Кендал Џенер и Џиџи Хадид. Иако нивните кампањи беа привлечни, овие слики на Серена се добредојдени како пауза од традиционалните модели на пистата.

Како заштитно лице на Вајцман, Серена ја користи можноста да го истакне брендот VitalVoices Global партнерство, што е непрофитна инвестиција во жени лидери кои водат глобални промени.

“Се надевам дека преку оваа кампања … можеме да споделиме порака на надеж и оптимизам, и да ги славиме жените и нивната можност да ги поддржат своите заедници “рече Серена на Инстаграм.

Црно-белата кампања беше снимена од фотографот Итан Џејмс Грин. Серена носи  бел блејзер и боди, со собрана коса, додека носи  разни модели на чевли на Стјуарт Вајцман.