Септември – светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигнитети

Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели „Хема“ го одбележува септември, светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигнитети.

За таа цел денеска ќе се одржи прес-конференција на која е најавено дека ќе се обратат заменик- министерот за здравство Асим Муса, доктор Оливер Каранфилски од Универзитетската клиника за хематологија во Скопје, претседателката на Здружението „Хема“ Лидија Пецова и Миланчо Арсовски, пациент со хематолошко заболување и претседател на подружницата на „Хема“ во Велес.

На секои 35 секунди во светот се дијагностицира по еден пациент со хематолошки малигнитет.