Сен Тропе: Џеј-Ло и Алекс Родригез уживаат во одделни одмори


Франција- Франција е една популарна дестинација за одмор. Поранешната двојка Џенифер Лопез и Алекс Родригез и двајцата минуваат време во Сент Тропе, уживајќи во своите одвоени одмори.

Лопез, која во саботата наполни 52 години, отпатува на европската дестинација за да го прослави роденденот со момчето Бен Афлек. Во меѓувреме, Родригез, кој во вчера наполни 46 години, исто така го избра монденското летувалише за да го прослави својот голем ден.

„Тој е со семејството и пријателите и луѓето со кои работи“, рекол извор претходно за „Пипл“ за пензионираниот безбол играч, чија свршувачка со Лопез заврши во април. „Одлично се снаоѓа и го слави својот роденден и продажбата на Минесота Тимбервулфс.

Лопез го прослави својот 52-ри роденден на јахта, споделувајќи страстен бакнеж со 48-годишниот Афлек пред да се упатат кон ноќниот клуб Л’Опера каде што славеа со интимна група пријатели.

Лопез и Афлек исто така ја официјализираа својата романса на Инстаграм во саботата, кога споделија фотографија на која споделуваат страстен бакнеж.

Лопез и Афлек првично започнаа да се дружат во јули 2002 година откако заедно го снимаа филмот Gigli . Тие се свршија во ноември пред да ја одложат нивната венчавка во септември 2003 година, само неколку дена пред датумот и на крајот да се откажат од свршувачката во јануари 2004 година.

Во текот на изминатата недела, Родригез објави и фотографии од сопственото европско патување.

„Нека започнат свеченостите ? #EurTrip“, напиша со наслов на една насмеана слика на море. Во меѓувреме, покрај друга слика, што го покажа како се дружи на брод со пријатели, тој едноставно напиша „мир“.

Во мај, Родригез сподели со своите следбеници дека избира да се фокусира на себе си од разделбата со Лопез.