Семејството на Бијонсе се тестираше, сите негативни


САД- Целото семејство на поп-ѕвездата Бијонсе е тестирано за коронавирусот, така што тие можат да го прослават Денот на мајката заедно.

Веста во ТВ- интервју ја откри мајка ѝ, Тина Лоусон.

Додека Велика Британија го слави Денот на мајката во март, во САД денот паѓа на 10 мај – и семејството Ноулс / Картер ќе го помине заедно откако сите, вклучително и сестрата Соланж, се тестираа негативно. Во семејството спаѓаат 15-годишниот син на Соланж, Даниел, сопругот на Бијонсе- раперот Џеј- Зи и и нивните деца, ќерката Блу Ајви (8) и близнаците Руми и Сер (2).

Фондацијата на милијардерот Џеј-Зи, заедно со Ријана и Џек Дорси донираа над 6 милиони долари за борбата против коронавирусот.