Семејство нападнато во Матка по расправија за возење со чамец
Семејство од гостиварско пријавило дека било физички нападнато во Долна Матка по расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец.
Случајот во полиција го пријавила 47-годишната В.С. од селото Неготино, гостиварско, која според пријавата, заедно со сопругот и нивната ќерка била нападната од три лица.
Инцидентот се случил на 23 август околу 10:30 часот во Долна Матка. Според пријавеното, претходно дошло до расправија со вработен во комплексот во врска со прошетка со чамец.
По расправијата, според пријавата, В.С., нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.