Семејно насилство во САД: Дошол, убил жена, па се вратил и убил уште две


Најмалку три жени се убиени, а две ранети во пукање во средата во градот Норфолк, во американската сојузна држава Вирџинија.

Претставник на полицијата соопшти дека веројатно се работи за семејно недоразбирање, пренесе Ју-ес-еј тудеј.

Осомничениот прво застрелал една жена, а потоа избегал. Кога ќетирите жени останале сами се обиделе да ѝ помогнат на жртвата, но напаѓачот се вратил и пукал во нив.

Жената во која најпрво пукал и двете кои се обиделе да ѝ помогнат починале, а останатите две жени се ранети и префрлени во локалната болница, соопштија надлежните.

Полицијата на Норфолк на Твитер објави дека осомничениот е приведен, не наведувајќи детали.

Секоја година во семејно насилство во САД страдаат околу 1.300 луѓе, покжаувата податоците од студијата која ја изработи Медицинскиот факултет на Универзитетот во Атланта. Авотрите на студијата наведоа дека 59,1 отсто од масовните пукотници меѓу 2014 и 2019 година се поврзани со семејно насилство.