Селин Дион ги откажа концертите поради тешката невролошка состојба


Канадската поп пејачка Селин Дион во петокот објави дека ја откажува европската етапа од нејзината светска турнеја, која требаше да продолжи летово, поради здравствена состојба што и го отежнува настапот.

Соопштението доаѓа четири месеци откако 55-годишната пејачка изјави дека и е дијагностицирано ретко невролошко пореметување наречено Синдром на вкочането тело (СПС), кое предизвикува грчеви во мускулите. Во тоа време, болеста ја принуди да одложи некои европски концерти на нејзината светска турнеја Courage.

„Многу ми е жал што уште еднаш ќе ве разочарам“, напиша пејачката на Инстаграм. „Работам навистина напорно за да ја вратам силата, но турнеите може да бидат многу тешки дури и кога сте на 100%. Иако ми го крши срцето, најдобро е да откажам сè додека навистина не бидам подготвена да се вратам на сцената. Нема да се откажам…и едвај чекам да ве видам повторно!”- напиша таа.

Европскиот дел од турнејата се состоеше од 42 концерти во седум градови од крајот на август до почетокот на октомври и уште 17 градови во пролетта 2024 година. Дион рече дека на сопствениците на билетите ќе им се вратат парите.