Селфи манијата е опасна, во САД се води како заболување

Селфи манијата веќе е прогласена за психијатриска болест во САД, а до инциденти доаѓа од побарувачка за „лесна“ слава. Психологот Полина Василева за фаталните несреќи во последните години вели дека младите луѓе се обидуваат да се фотографираат на екстремни места.

Пред само неколку дена во Бугарија едно 17-годишно момче почина обидувајќи се да направи селфи од висококатната зграда во Приморско.

Василева коментира дека родителите и општеството треба сериозно да се вклучат и за феноменот да разговараат со децата.

„Тоа е типично однесување во пубертет кога децата го бараат своето место, а социјалните мрежи им нудат лесен начин да се изразет себеси. Тие имаат опсесивно однесување. Децата се склони кон опасно поведение и тоа доведува до вакви трагични случаи”, објасни таа за „БТВ“.

Психологот вели дека недостатокот на внимание, самодовербата и осознавањето на себеси ги тера децата да се обидат да ги извлечат надвор своите чувства и желби.

Полина Василева објаснува дека социјалните мрежи се илузија и тие не можат да ги пополнат овие празнини.

„Она што може да се добие е привремено задоволство од собраниот број допаѓања“, вели таа.

Експертот ги советува младите луѓе да работат некоја општокорисна работа во заедницата што ќе доведе до подолготрајно чувство на задоволство. Спортот, исто така, помага и ја зголемува самодовербата.

Според една студија на оваа тема, на глобално ниво дури 260 луѓе ги загубиле своите животи за шест години во обид да направат добра фотографија. Бројот на загинати е најголем кај 20-годишните – над 100. Повеќе од 70 се тинејџери, според студијата.