Села прифаќа да се види со Заев: Премиерот призна колку сме силни


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерска средба во петок во 14 часот во Клубот на пратениците.

„Мило ни е што премиерот почна да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски среби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира“, велат од Алијансата за „Независен весник“.

Претседателот на владата ги повика лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата да разговараат за пописот, новиот изборен модел и Законот за јавно обвинителство. Покрај Села, и Али Ахмети ќе учествува на средбата, додека Христијан Мицкоски инсистира да се разговара за предвремени парламентарни избори. (Г.А.)