Села е претседател на Алијансата за Албанците, одлучи судот во Тетово


 

Основниот суд во Тетово донесе одлука претседател на Алијансата за Албанците да биде Зијадин Села. Според оваа одлука, печатите на партијата сега му припаѓаат на Села. Во одлуката на судот се наведува дека се прифаќа барањето за промена на претседателот на партијата, поточно на местото на Арбен Таравари, да се именува Зијадин Села.

„Разјаснувањето на оваа ситуација за тоа на кој му припаѓа АА, исто така, оди во прилог на разјаснувањето на политичкиот хаос создаден во оваа година. Јасно дефинирана АА во своите програмски определби. Јасен пат кон политичка конзистентност. АА сама по себе, кај своите основачи, секако е во најдобар интерес на сите Албанци и на другите граѓани, затоа ова е важна и правична одлука и АА ќе продолжи како што и личи и како што делуваше и во минатото“, рече Села.

Од крилото на Таравари реагираше Арбен Фатаи, кој го обвини судијата Илир Реџепи.

„Скандалозната одлука на судијата Реџепи повторно ќе биде поништена во Апелацискиот суд, сѐ додека не се донесе конечна одлука со која ќе воспостави правдата, го оставаме Села и неговата група да се задоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи и бомбоните на Али Ахмети“, изјави ФЕтаи.

Фетаи најави жалба, а имаат право на тоа во рок од 15 дена.