Села: Дури 65 отсто од платежните картички отидоа кај Албанците


Носителот на кандидатската лицата за пратеници за Шестата изборна единица Зијадин Села доцна синоќа во рамки на предизборните активности и заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата Алијанса и Алтернатива под мотото „Сега е времето“ претстави дел од програмите за овие избори.

Села, кој е претседателот на партијата Алијанса за Албанците на самиот почеток од обраќањето образложувајќи делови од програмата за овие избори, се задржа на ограничувањето на коцкањето и посочи дека во првите сто дена откако ќе дојдат на власт ќе донесат закон со кој коцкање ќе има само во казина кои ќе работат во рамки на хотели со пет ѕвезди.

Лидерот на Алијанса за Албанците го критикуваше политичкото делување на опонентите и нивната кампања со која бараат глас од Албанците и при тоа упати отворено прашање:

– Не можам да ги разберам, како се осудуваат сега да бараат Албанец да биде премиер? Па 18 години се на власт и ја добивале поддршката и гласовите на Албанците. Како досега не ја реализирале таа идеја и што тие сега всушност бараат, рече Села.

Барајќи ја поддршката на овие избори, Села напомена дека Албанците треба да гласаат за кандидати Албанци, а не да ги даваат за листи кои се дел од, како што рече, некакви коалициски договори. Тој ги критикуваше политиките на оваа власт и претходните и смета дека не вложиле и не граделе доволно во средините каде што живеат Албанци и вети дека тоа ќе се смени откако ќе дојдат на власт. Села опишувајќи ја положбата на Албанците во општеството, напомена дека 65 проценти од корисниците на платежните картички се Албанци, како што нагласи, тоа е факт кој покажува дека Албанците се невработени, социјално загрозени и запоставени.

На собирот се обрати шефот на изборниот штаб и генерален секретар на партијата Арбен Таравари кој искажа оптимизам во изборната победа.

– Тука и пред претседателот и пред вас ветувам дека нашите противници ќе ги победиме со најмалку четири до пет илјади гласови. Тие промени што ги направивме во Гостивар, ќе ги направиме и во Липково и во Струга и во сите средини каде ќе ја добиеме поддршката. Затоа што ние знаеме како треба, рече Таравари

Од говорницата се обратија и кандидатите за пратеници: Газменд Абдија, Ељхоме Мемеди, Асан Елези и Халил Снопче.