Села: Ако не добиеме датум, на пролет да се одржат избори


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вчера на дебатниот магазин Click Plus на ТВ21 рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ,треба да се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор и на пролет да се одржат вонредни парламентарни избори.

Во гостувањето, тој упати јавна покана до поранешниот кандидат за претседател, Блерим Река, да ѝ се приклучи на Алијансата за Албанците.