Секретарот на американската армија поднесе оставка поради судир со Пит Хегсет


Вашингтон – Секретарот на американската Армија, Дан Дрискол, заминува од функцијата по 18 месеци на таа должност, соопшти Белата куќа.

Причината за неговата оставка не е соопштена. Дрискол е близок пријател на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, но медиумите посочуваат на затегнати односи со министерот за одбрана, Пит Хегсет.

Неговото заминување е последно во низата кадровски промени во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Портпаролката на Белата куќа, Ен Кели, само соопшти дека Дрискол имал значаен придонес во спроведувањето на програмата „Да ја направиме Америка повторно силна“ на претседателот Трамп, во воените операции, како и во преговорите меѓу Русија и Украина.

Во април Хегсет неочекувано го разреши командантот на копнените сили, генералот Ренди Џорџ, додека во јуни оставка поднесе командантот на американските копнени сили во Европа, генералот Кристофер Донахју.

Засега не е соопштено кој ќе го наследи Дрискол на функцијата.