Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога


Во Црна Гора, секој втор тестиран возач бил позитивен на некаков вид дрога, според податоците на Полициската управа. Началникот Илија Јањушевиќ вели дека тестовите за психоактивни супстанции не се чести и дека многу повеќе проверуваат дали возачите имаат алкохол во телото. Причината, вели Јањушевиќ, е затоа што алкотестовите се многу поедноставни и поевтини, јави РТЦГ.

Според Јањушевиќ, тие податоци се загрижувачки и тој додава  дека законот пропишува само затворска казна.

„Можете да замислите колкумина се оние кои воопшто не се контролирани. Законот пропишува само затворска казна од 15 до 60 дена, а ние ќе продолжиме со зголемена контрола на сите учесници во сообраќајот“.

И употребата на психоактивни супстанции повеќе не е изолиран феномен, истакнува социологот Милена Јелиќ Шунтиќ.

„Тоа е веќе нешто што се прелева во секојдневниот живот и директно влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, односно на безбедноста на сите граѓани“, вели Јелиќ Шунтиќ.

Фактот дека секој втор тестиран возач е позитивен на психоактивни супстанции е последица на поширок општествен проблем, според Јелиќ Шунтиќ.

„Бидејќи употребата на психоактивни супстанции во оваа форма, она на што може да укаже е во суштина криза на вредносниот систем, намалена општествена контрола и недостаток на превентивни механизми“, вели таа.

„Проблемот не е само индивидуален, туку е длабоко вкоренет во економските, политичките и културните процеси низ кои минува Црна Гора“, додаде соговорникот на Радио Црна Гора.