Секој кој зема 5.000 денари пензија, ќе зема најмалку 10.700 денари, најави Спасовски

Веднаш по формирањето на Владата ќе утврдиме минимална пензија и сите кои имаат мали пензии од 5.000 денари и нагоре, да имаат најмалку 10.700 денари, најави денес на трибина Оливер Спасовски од Ѓорче Петров.
„Се обврзуваме да ги поддржиме пензионерите, оние кои ја градеа оваа држава, кои се вградија во темелот на оваа земја, оние кои ги градеа институциите, да имаат достоинствена старост“, рече Спасовски.
Спасовски, кој е носител на листа во ИЕ 2, вечерва се обрати на граѓанската трибина во скопската општина Ѓорче Петров.
Тој зборуваше за храбрите одлуки и постигнувањата на нашата држава во изминатите три години со што државата стана членка на НАТО, на чекор е до отворање на преговорите со ЕУ, овозможивме стабилност на политички и безбедносен план, без што нема развој.
„Создадовме држава во која сите сме слободни, владее демократија, никој повеќе не нè дели, сите сме едно, затоа што секој е важен. Создадовме држава ценет меѓународен партнер, држава која знае да решава прашања. Денеска заедно со Грција и Бугарија одиме напред, кои се наши лобисти, заедно станавме дел од НАТО, заедно ќе станеме и дел од ЕУ.
„Ветуваме дека за 4 години ќе затвориме 80 проценти од поглавјата и во наредните 5-6 години ќе бидеме европски граѓани со европски плати и европски просперитет“  рече Спасовски.