Секој 20-ти давател на крв бил заразен пред првиот случај

Секој дваесетти дарител на крв во Милано развил антитела на Ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари.
Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога е утврден првиот позитивен случај на корона вирус, објави Кориере дела сера.
Истражувањето, со кое се опфатени 800 дарители на крв, објавено е на страницата „medRxiv”, а укажува дека на почетокот на епидемијата 4,6 отсто од дарителите вече имале антитела на вирусот, а тој процент пораснал на почетокот на април на 7,1 отсто.
Студијата ја осмислиле и ја спровеле стручњаци од Одделението за трансфузиологија на поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и уште неколку истражувачи од установи во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија.
Се вели дека за студијата се користени сочувани примероци од крв за да се утврди присуството на антитела, а не затоа што вирусот се пренесува преку крв.
Според истражувањето утврдено е дека најпрво биле заразени млади, а неодамнешните случаи се поврзани повеќе со постари лица.
Италија со повеќе од 32.000 мртви од Ковид-19 е трета во светот по САД и Велика Британија.