„Сега се зависи од Господ“: Ѓоковиќ се пласираше во третото коло, но повторно ги загрижи сите
Австралија– Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен, но уште еднаш ги загрижи сите. И во првото и во второто коло беше очигледно дека има повреда на грбот. Тој денес го совлада Французинот Енцо Куако и за време на тој меч побара и лекарска помош во вториот сет.
По тој дуел во интервју за „Еуроспорт“ отворено проговори за проблемот што го има со задната ложа.
-Искрено, воопшто не е добро, да одиме полека, натпревар по натпревар, последниот натпревар беше добар, а сега… Сега се е до Господ и мојот физиотерапевт и тимот, се надевам дека ќе закрепнам за следниот натпревар, изјави Ѓоковиќ, кој во следното коло ќе игра против Григор Димитров. Новак и Димитров досега играле 10 пати, а резултатот досега е 9:1 во корист на Ѓоковиќ.
Сето ова го коментираше и поранешниот тенисер Матс Виландер.
„Ова воопшто не е охрабрувачки. Не се сеќавам дека тој некогаш рекол нешто слично за своето тело. Никогаш не сум видел Новак повреден и да зборува за тоа. Добрата работа со Новак е дека дури и кога е повреден, може да најде начин да победи, што не го можат многу играчи. Ова е голема грижа, но тој ќе игра на една нога ако треба“, изјави Виландер.