Седумнаесет пратеници се казнети поради тепачката во бугарското Собрание
Претседателот на Националното собрание Росен Желјазков (ГЕРБ) им изрече казна опомена на седумнаесет пратеници кои учествуваа во вчерашните физички пресметки во пленарната сала. Петмина се од пратеничката група на „Продолжуваме со промената“ – „Демократска Бугарија“: Јавор Божанков, Константин Бачијски, Манол Пејков, Искрен Митев, Настимир Ананиев. Останатите дванаесет се од групата „Преродба“: Николај Дренчев, Светослав Тодоров, Славчо Крумов, Ангел Георгиев, Златан Златанов, Цончо Ганев, Климент Шопов, Веселин Вешев, Јордан Тодоров, Станислав Стојанов, Виолета Карпачова,
„Вие самите бевте сведоци на огромноста на ова нарушување на јавниот ред, што најдобро може да се опише со концептот на нашите западни соседи: тепачка. Јасно сфаќам дека еден дел од нив можеби биле во ситуација на одбрана, така што постои можност и ова да биде спорно“, ги аргументираше своите казни претседателот на Собранието.
Во деловникот на Националното собрание има шест вида казни: потсетување, забелешка, опомена, забрана за земање збор, суспензија од состанок, суспензија до три состаноци. Се изрекува опомена на секој пратеник кој „го нарушил редот на состанокот или направил неред во салата“ (член 157).