Седуммина повредени во верижен судир во Србија


Србија– Седум лица се повредени во верижен судир што денеска нешто пред 15 часот се случил на автопатот Суботица – Бачка Топола во Србија. Во судирот учествувале вкупно 14 возила.

Српската радио-телевизија објави дека засега нема информации за жртви.

 

Се претпоставува дека до судирот дошло како резултат на песочна бура предизвикана од силни ветрови и намалена видливост на патот.

ако резултат на силен ветар и намалената видливост на патот, на почетокот на месецов се случи голем верижен судир на автопат кај Будимпешта. Во судирот учествуваа 42 возила, едно лице загина, а десетици беа повредени.