Седумгодишно дете почина од корона во Џорџија, САД


 

Седумгодишмо дете од Џорџија, САД, починало од Ковид-19, соопштија здравствените власти во четвртокот, што го прави најмладата личност во државата за која се знае дека умрела од оваа болест.

Веста за смртта на детето доаѓа истиот ден кога Џорџија надмина 4.000 потврдени смртни случаи на корона вирус од почетокот на пандемијата. Беа објавени малку информации за детето, но Одделот за јавно здравје на Џорџија соопшти дека момчето нема пријавено хронични состојби. Одделот одби да објави дополнителни информации, повикувајќи се на федералните закони за приватност во здравството.

Смртните случаи кај децата од вирусот се ретки, а инфекциите кај децата имаат тенденција да бидат помалку сериозни отколку кај возрасните. Но Ковид-19 не е без ризици ниту за младите. Во последните неколку недели службеници за здравство на Џорџија предупредуваа на опасна воспалителна состојба кај децата за кои се претпоставува дека се поврзани со вирусот.

Во Џорџија има пријавено 16.738 случаи на корона вирус кај лица на возраст од 17 и повеќе години, со 267 хоспитализации. Седумгодишникот е второ дете од Џорџија кое умрело од Ковид-19, по смртта на 17-годишното момче пријавено на крајот на мај.

Д-р Хари Хајман, професор на Државниот универзитет на Џорџија за јавно здравје, рече дека има лажни наративи дека децата не можат да се разболат, да го пренесат вирусот или да умрат од Ковид-19.

Во САД има регистрирано 45 смртни случаи од Ковид-19 на деца на возраст од 14 години или помлади.