Седум превозници исклучени од сообраќај во Тетовско 


Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 10 до 16 часот спровеле акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, претежно комбиња и автобуси.

 -При контролата откриени се и законски санкционирани се седум технички неисправни возила, сите со неисправни сопирачки. Поради техничките недостатоци  неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите  прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од  45 до 400 евра во денарска противвредност, информираат од СВР Тетово.

 Во вчерашната контрола откриени се и четири други видови прекршоци.