Седум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар


Илустрација

Вчера попладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум лица.

Како што извести СВР Тетово, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.

Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.