Седум лица од Македонија се разболеле од ковид третпат


Ковид тестирање во Љубљана
 
 

Од појавата на пандемијата до 16 јануари годинава, вкупно се регистрирани 3.380 реинфекции со ковид-19 кај лица кои претходно прележале, што е 1,4 отсто од вкупниот број на заболени, според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од повторно заразените седум се втори реинфекции, односно луѓе кои по третпат се разболеле.

 

Само вчера, од вкупно 2.269 позитивни  регистрирани беа 310 реинфекции. Според неделниот извештај на ИЈЗ, во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, со зголемување од 31,8% во однос на претходната недела.