Седници на шест собраниски комисии


Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за надворешна политика, за локална самоуправа, за транспорт врски и екологија, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност, меѓу другото, ќе се расправа за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, сите во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика латформата за дипломатските активности ќе ја претстави вонредниот и ополномоштениот амбасадор на Република С. Македонија во Република Хрватска, со седиште во Загреб, Милаим Фетаи. Комисијата ќе ги разгледа и Предлог на закон за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS), како и Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за измена на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Седница ќе одржи и Комисијата за локална самоуправа, а на дневен ред е Предлог на стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија 2020 – 2030.

Членовите на Комисијата за транспорт врски и екологија, пак, ќе во прво читање ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

Во Собранието денеска ќе има седница и на Комисијата за финансирање и Буџет, на која ќе се расправа по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог – законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите во прво читање. На разгледување во второ читање на седницата на оваа комисија се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка, Предлогот на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка 

Членовите на Законодавно правната комисија, денеска на седница ќе разгледаат повеќе предлог-законски решенија кои се на дневен ред на останатите собраниски комисии.