Седници на неколку собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија, пред утрешната 67. пленарна седница, прва по официјалното завршување на годишиот одмор на пратениците.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, во прво читање.
Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање.
Измените на Законот за вработување на инвалидни лица, во прво читање и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2024 година и ревидирани финансиски извештаи за 2024 година се на дневен ред на седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.