Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за здравство.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка – второ читање, поднесен од група пратеници.

На дневен ред на двете седници на Комисијата за здравство се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за прекурзори и на Законот за заштита на правата на пациентите.