Седница за поставување пратенички прашања


Фото: Б. Грданоски

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 117. седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Седница на која пратениците им поставуваат прашања на премиерот и на министрите се одржува секој последен четврток во месецот.

Први прашања вообичаено поставуваат пратениците од опозицијата.

Претходно, Собранието ќе ја одржи 119. седница со една точка на дневен ред Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка, предложен од пратениците Ристе Ташев, Панчо Минов, Артан Груби и Мирослав Јовановиќ.

Предлогот за изменување и дополнување на Законот за акцизите ќе овозможи на економските оператори кои работат со новите тутунски производи да ги пријават планираните месечни количини на акцизни марки во периодот од 1 декември до 10 декември 2019 година и на тој начин ќе се овозможи и подигање на акцизни марки и обележување на овие производи согласно примената на новиот Закон за акцизите. Ова, значи можност за економските оператори навремено да ги започнат своите планирани активности со новите тутунски производи.

Истовремено, се предлага да се одложи примената на Законот за акцизите, односно наместо од 01 ноември 2019 година истиот да отпочне да се применува од 01 јануари 2020 година.

Две седници денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија.