Седница на собраниската Законодавно-правна комисија
Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 60. седница на Законодавно-правната комисија.
Комисијата треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, во второ читање (поднесен од: Дарко Каевски, Лолита Ристова, Марија Костадинова, Жаклина Лазаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, Даниела Колева, Драгица Ѓавочанова, Ненад Коциќ, Арбер Адеми, Вјолца Адеми, Мерита Колчи – Коџаџику, Фиснике Бектеши Шаќири, Кастриот Реџепи).
На дневен ред на седницата е и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, исто така во второ читање.