Седница на Собранието

Собранието денеска треба да ја одржи 55. седница со расправа по ратификации и закони од повеќе области.
На дневен ред се предлог законите за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) и Прешево (Република Србија).
Пред пратенииците се и дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, на Законот за средното образование, во второ читање, како и предлог законите за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, на Законот за волонтерството, на Законот за младински додаток, исто така во второ читање.
Дел од предложениот дневен ред се и Предлог законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2024.